четврток, 26 декември 2024

Уапсен кичевчанец, фатен како превезува мигранти

Вчера попладне на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај тунелот Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го уапсиле А.С. од Кичево. При преглед во возилото волво, кое го управувал, биле пронајдени тројца мигранти и било констатирано дека регистарските таблички  припаѓаат на возило мерцедес.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше МВР, мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ