среда, 25 декември 2024

Уапсен кавадарчанецот што му се закануваше на градоначалникот Митко Јанчев

Кавадарчанец бил уапсен како осомничен дека на интернет му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци и на неговата фамилија. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потврди дека тој и неговата фамилија биле мета на закани.

Објавено на

часот

Сподели

„Рано утрово во 00:05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М., постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј. од Кавадарци на социјални мрежи. С.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија денеска од СВР Велес.

Оттаму информираа дека синоќа  пак во 19 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.Ѓ. од неготинско село, постапувајќи по пријава од неговата 31-годишна сопруга, со која не живееле во заедница, дека ѝ се заканувал на социјални мрежи.

„Б.Ѓ. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, известија од СВР Велес.

Синоќа пак во 17:20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 43 годишната Л.Б. и 48 годишниот Н.Б.(48), и двајцата од Кавадарци.

„При претрес во објект на градскиот плоштад, што го користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 679 разни видови на пиротехнички средства. Л.Б. и Н.Б. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Велес. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ