Во кривичната пријава е и Ајрули, сопственикот на фирмата „Ритрон копи“ од Куманово која ги добила тендерите, и уште други двајца директори во лотарија.Се сомничат дека примале фиктивна стока.
Како што стои во соопштението од Управата за финансиска полиција, „Првопријавениот П.Б., како генерален директор на Државната лотарија, одобрил исплата на фактури со невистинита содржина, овозможувајќи противправна имотна корист од 3.102.015 денари. Второпријавениот А.А., сопственик на Ритрон копи ДООЕЛ, заедно со П.Б., ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавна набавка, стекнувајќи противправна имотна корист од 12.980.000 денари. Третопријавениот С.Р. и четвртопријавениот М.З. потврдиле прием на опрема која не била евидентирана, оштетувајќи го буџетот на Државната лотарија за 6.772.283 денари“.