„По констатираните неусогласености и според обврските преземени согласно одредбите од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10д во РСМ во делот на ангажирање, односно вработување на лица-странци како работна сила, но воедно и поради сложеноста и обемноста на документацијата која е потребна во постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, согласно одредбите од Законот за странци, изготвен е предлог текст за измени и дополнувања на Законот за странци“, се вели во образложението на Министерството за внатрешни работи.
Целта на предложените измени е олеснување на законските услови во однос на постапката за добивање на привремен престој заради работа генерално и посебно, во однос на странец кој работи на стратешки проекти утврдени со посебен закон, се вели во документот.