„Триесет и четири земји, вклучувајќи ја Турција, поднесоа барање за придружување, што е неверојатно. Особено барањето на Турција за зачленување и прифаќањето (ако се случи) се револуционерни настани во смисла дека земја од НАТО ќе ги искине синџирите на Алијансата и ќе стане членка на БРИКС“, кажа турскиот политичар.
Партијата Ватан е левичарска партија чии ставови се блиски до позицијата на првиот претседател на модерна Турција Мустафа Кемал Ататурк. Таа е антиамерикански и антизападно ориентирана, нема свои претставници во турскиот парламент, но е прилично влијателна во некои турски региони. Во моментов партијата има повеќе од 50.000 членови.
Партијата порача дека БРИКС станал нов „пол“ на меѓународната сцена кој по формирањето својата привлечност ја развивал полека, но од минатата година и забрзано.
Тогаш беше донесена одлуката од почетокот на оваа година на организацијата да ѝ се придружат нови членки – Египет, Етиопија, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, а најавено е дека БРИКС разгледува придружување на нови членки.