„Во извршениот разговор двајцата турски државјани изјавија дека дозволите ги набавиле во Турција за сума од околу 4.000 евра. О.Е. и Б.У. се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, пишув во билтенот на МВР.
Полицијата вчера при контрола на 36 годишен Косовар констатирала дека вин бројот на патничкото моторно возило „голф“ со француски национални ознаки и типската налепница отстапуваат од оригиналноста на возилото.
„Возилото со потврда е одземено, а тој 36 годишниот Н.А. е лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, информираа од МВР.