Охрид и охридското крајбрежје станува нова дестинција за турските туристи и сите останите кои сакаат да ги истражат и да уживаат во убавините на Охрид, токму преку директниот лет Истанбул – Охрид, кој за прв пат се воведува со летниот ред на летање.
Туркиш ерлајнс на својата веб страница Охрид го опишува како „македонскиот бисер” најпопуларната туристичка дестинација на Балканот и дел од светското културно наследство.
Авиолинијата Истанбул – Охрид се воведува како резултат на политките на Владата и Мнистерството за транспорт за привлекување на нови дестинации. Со јавниот повик за финансиска поддршка освен Истанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел, а од скопскиот аеродорм се воведуваат летови кон Лион, Барселона, Штутгарт Дубаи, Париз, Женева и Истанбул.
„Многу сум горд на оваа работа, бидејќи направивме целосна промена на политиките на поддршка на субвенционирање. Работиме проект којшто многу брзо очекувам да излезе во јавноста за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром како и таму би се подобриле условите за работа. Работиме на најмалку уште две до три авиолинии, за коишто очекувам да излеземе со околу 12 и да заокружиме во овој период што ќе биде дополнителен квалитет и патници во Македонија. Дел од тие линии се атрактивни и за дијаспората. На пример линијата Истанбул – Охрид е многу атрактивна за дијаспората и за Австралија и за северноамериканскиот континнет, бидејќи веќе се продаваат авионски карти Торонто – Охрид или Њујорк – Охрид или Вашингтон – Охрид или Сиднеј -Охрид. Исто така и линијата за Женева беше нешто што долго време ја бараше македонската дијаспора, така што мислам дека ќе имаме позитвни ефекти”, изјави неодамна вицепремиерот Николоски.