вторник, 24 декември 2024

Турција е подготвена за ново посредување во Украина

Турција е подготвена да продолжи со напорите за посредување околу преговорите за решение во Украина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Објавено на

часот

Сподели

„Подготвени сме да го оживееме прекинатиот преговарачки процес во Истанбул за решение на конфликтот во Украина“, изјави Ердоган за турската телевизија Хабер по разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан, наведе Тасс.

Според турскиот претседател, војните во Украина и Газа можат да се решат само по мирен пат.

Турскиот претседател наводно одржува комуникација со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ