Турската фудбалска федерација реши да викне странски судија за жешкото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче.
Во Турција судиите се мета на големи критики, се верува дека го форсираат Галатасарај. Пред неколку дена фудбалерите на Адана Демирспор дури и го напуштија мечот против Галата поради скандалозна судиска одлука.
Фенербахче е единствениот конкурент на Галатасарај за титулата, Турската фудбалска федерација реши овој меч да го суди странски судија со цел да нема нови скандали.
Дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче се игра во понеделник од 18 часот.