Турција во минатата година примила 62,27 милиони посетители, што претставува раст од 9,8 отсто во однос на 2023, и од дури 20,3 отсто повеќе во споредба со 2019, последната пред пандемијата.
Претходно поставените цели од 60 милиони гости се надминати, а новиот праг од 61 милион, најавен во октомври минатата година, исто така е надминат.
Освен тоа, приходите од туризмот достигнале 61,1 милијарда долари, што е 8,3 отсто повеќе од 2023. Овие резултати ја прават минатата година најуспешна во историјата на турскиот туризам.
Најголемиот број посетители и понатаму доаѓаат од Европа, Блискиот Исток и централна Азија, додека пазарите во развој бележат значителен раст. Русија, Германија и Британија остануваат трите водечки пазари, додека посетите од Соединетите Американски Држави пораснале за 8,1 отсто, од Кина за 65 отсто, а од Индија за 20,7 отсто.
Просечниот престој на меѓународните туристи во Турција изнесувал 10,7 дена, додека приходот по посетител достигнал 972 долари.
Според податоците на ОН туризам, Турција во 2023 година се нашла меѓу петте најпосетени дестинации во светот, а рекордните резултати во минатата година дополнително го потврдуваат нејзиниот статус на глобален туристички лидер.