Според пријавеното, по претходен договор, на 18 февруари 2025 година на студент од Турција со престој во Штип, во неколку наврати на сметка во банка му префрлил вкупно 134.851 турски лири и за возврат друго лице во Штип му дало 71 банкноти во апоени од 50 евра. Како што е пријавено, откако ги земал парите, се посомневал во нивната исправност и ги проверил во менувачница во Штип, каде што му било потврдено дека се фалсификат.
„Исто така, според пријавеното, тој стапил во контакт со лицето кое му ги дало парите и откако негирало дека му дало фалсисикат евра, тој со својот адвокат го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.