Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера околу 20:05 часот на автопатот А1 возачот А.И. од селото Стар Караорман не застанал на знакот на полициските службеници по што влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и паднал во ископ. Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, кој е пренесен во болницата во Велес. При приведувањето, А.И. физички нападнал полициски службеник.
Мигрантите се откриени товарното возило марка форд со скопски таблички.
По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Велес, а по целосно документирање на случајот се најавуваат соодветни пријави.