Денешната редовна прес-конференција е и последна за Тухел како тренер на Баерн Минхен, тој заминува од клубот по последното коло во Бундеслигата.
„Ова е моја последна прес-конференција како тренер на Баерн“, рече Тухел.
„Имаше разговори, но не постигнавме договор, па одлуката од февруари останува“.
Тоа значи дека Баерн Минхен ќе ја продолжи потрагата по нов тренер, а Тухел во следната сезона ќе води друг клуб.