„Денеска во 02.40 часот полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје, Крива Паланка и Струмица поради постоење основи на сомнение дека во Градскиот парк во Скопје физички го нападнале Б.С.(22) од Скопје и притоа со остар предмет му нанеле повреди“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.