четврток, 30 јануари 2025

Трипл-дабл на Јокиќ, Денвер во серија порази (ВИДЕО)

Никола Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл, но Денвер загуби на гостувањето кај Чикаго со 129-121.

Објавено на

часот

Сподели

Шампионот од пред две години загуби на гостувањето кај Чикаго со 121-129 и покрај уште едно антологиско издание на Никола Јокиќ. Србинот го оствари својот 21. трипл дабл во сезоната, постигнувајќи 33 поени, 14 асистенции и 12 скока, но ни тоа не беше доволно за триумф, па Денвер го претрпе и вториот пораз во низа. Во првото полувреме Јокиќ беше перфектен, постигна 21 поен со шут од игра 10/10.

Одлучувачка беше последната четвртина која Чикаго ја доби со 34-25 откако во првото полувреме гостите имаа и 12 поени предност. Интересно е тоа што Денвер го имаше и вториот најдобар стрелец на мечот во Браун кој постигна 28 поени. Зад него останаа Лавин со 21 поен и Вучевиќ со 20 поени, 10 скока и 6 асистенции.

Со овој триумф Чикаго се зацврсти на десеттата позиција на Истокот, додека Денвер им даде шанса на Лејкерс да се борат за четвртото место во Западната конференција.

Резултати:
Шарлот – ЛА Лејкерс 107-112
Кливленд – Детроит 110-91
Бостон – Хјустон 112-114
Бруклин – Сакраменто 96-110
Мајами – Орландо 125-119
Њујорк – Мемфис 143-106
Торонто – Њу Орлеанс 113-104
Чикаго – Денвер 129-121
Минесота – Атланта 100-92
Далас – Вашингтон 130-108
Јута – Милвоки 110-125
Феникс – ЛА Клиперс 111-109

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ