Далас со извонредна одбрана во последната четвртина го доби мечот, во тој период тие направија 34-16, го свртеа резултатот и на крајот славеа со 112-104.
Лука Дончиќ реализираше трипл-дабл со 26 поени, 15 асистенции и 11 скокови, 26 поени имаше и Ирвинг, во составот на Вашингтон Авдија реализираше 25 поени.
Мечот меѓу Милвоки и Денвер беше неизвесен само во првата четвртина, потоа домаќините се оддалечија со водството, имаа и 28 поени предност на крајот од третиот период. Конечниот резултат беше 112-95.
Адетокумбо имаше 36 поени, 18 скокови и пет асистенции, Јокиќ беше најдобар во составот на Денвер со 29 поени, 12 скокови и осум асистенции.
Резултати:
Шарлот – Индијана 111-102
Кливленд – Филаделфија 121-123
Атланта – Чикаго 126-136
Торонто – Сан Антонио 99-122
Хјустон – Њујорк 105-103
Мемфис – Њу Орлеанс 87-96
Милвоки – Денвер 112-95
Далас – Вашингтон 112-104
Јута – Голден стејт 107-129
ЛА Клиперс – Минесота 100-121