Далас и Минесота одиграа крајно неизвесен натпревар кој на крајот им припадна на гостите. Далас влезе во серија промашувања кои го чинеа пораз.
Лука Дончиќ оствари трипл-дабл постигнувајќи 28 поени, имаше 15 скокови и 10 асистенции. Ирвинг реализираше 16 поени, тој не беше на своето ниво.
Најдобар кај Минесота беше Едвардс со 29 поени, 10 скокови и девет асистенции, тој доминираше во првото полувреме, а во вториот дел се истакна Таунс кој заврши со 25 поени.
Далас има предност од 3-1, следниот натпревар се игра во Минесота.