среда, 12 март 2025

Трилер за Ватикан ја освои наградата БАФТА за најдобар филм (ВИДЕО)

Трилерот за Ватикан „Конклава“ на германскиот режисер Едвард Бергер ја освои наградата за најдобар филм на доделување на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА).

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во конкуренција за таа категорија беа филмовите „Целосно странец“, „Анора“, „Бруталистот“ и „Емилија Перез“.

Американецот Брејди Корбет ја освои наградата за најдобар режисер за филмот „Бруталист“, тричасовна приказна за архитект кој го преживеа холокаустот, кој го игра Адриен Броди.

Броди ја освои наградата за најдобар актер, а БАФТА за најдобра женска улога доби актерката Мика Медисон за нејзината улога во „Анора“.

Францускиот мјузикл „Емилија Перез“, кој беше еден од фаворитите, освои две награди – за најдобар странски филм, и за најдобра женска споредна улога, која ја освои актерката Зои Салдана.

Наградите БАФТА, како и наградите на Здружението на продуценти на Америка (ПГА), Здружението на режисери на Америка (ДГА) и Златен глобус често се сигурни показатели за тоа кој би можел да го добие престижниот американски Оскар, кој годинава ќе биде доделен на 3 март во Лос Анџелес.

БАФТА е основана во 1947 година како Британска филмска академија. Нејзини основачи биле бројни познати филмски уметници. Целта на организацијата била да ја зајакне филмската индустрија, која беше ослабена по Втората светска војна.

Во 1958 година, Академијата се спои со Здружението на телевизиски продуценти и режисери за конечно во 1976 година да стане БАФТА, Британска академија за филмска и телевизиска уметност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ