„Ние честопати зборувавме дека начинот што го одбраа синдикалците, не е начин за да се реализираат барањата, и да се надминат сите овие работи. Апсолутно следната недела, уште на почетокот ќе се сретнам, нормално во зависност од нивното расположлив време . Јас денеска од овој настан ќе појдам во Владата, од два часот имам редовни состаноци – да го видам како е распоредот, ќе им предложиме два-три термина, нека изберат еден. Ќе се сретнеме, ќе разговараме, ќе ги анализираме заедно работите. Меѓу другото се подготвува и состанок на Економско-социјалниот совет, ќе можеме и таму да разговараме. Така што, само со разговор се решаваат работите. Само со разговор можеме да дојдеме до решение коешто ќе биде успешно“, изјави премиерот Мицкоски.
Синдикатот на УПОЗ, стои зад протестот на вработените во јавната администрација кои бараат зголемување на платите за 30 отсто.