четврток, 19 декември 2024

Три случаи на граѓани каснати од улични кучиња за еден ден

За еден ден на различни локации во Македонија пријавени сe три случаи на напади од кучиња скитници.

Објавено на

часот

Сподели

На 16 декември во 16:00 часот, Д.Т. (29) од село Ракотинци пријавил во полициска станица Аеродром дека бил каснат од куче скитник на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје.

Помалку од еден час подоцна, на 16 декември во 16:50 часот, Р.Б. (42) од Скопје пријавил сличен инцидент, при што бил каснат од куче скитник на мостот на кејот на река Вардар. Следниот ден, 17 декември, во 15:40 часот, З.М. (47) од Велес пријавил дека бил каснат од куче скитник на улица „Благој Нечев“ во Велес.

Сите три случаи се пријавени во МВР, а ваквите напади се секојдневие во полицискиот билтен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ