недела, 22 декември 2024

Три метларки од Брако за почисто Кавадарци

„За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин машинс на Брако и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Грин машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци ѝ значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018 година почна со машинско метење на градските улици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ