Синер беше позитивен на допинг минатата година, ја имаше недозволената супстанција клостебол во себе, но не доби суспензија затоа што наводно докажал дека ненамерно ја внел во својот организам.
По големиот притисок на јавноста, ВАДА реагираше и бараше суспензија за Италијанецот од една до три години, но на крајот пресудата повторно е во негова полза.
Тој постигнал договор за тримесечна суспензија која веќе почнала на 9 февруари, а ќе трае до 4 мај.