За разлика од Јувентус, Милан во моментов е во форма, денеска ја забележа третата победа по ред во Серија А.
Резултатот во Верона го отвори Тео Ернандез пред самиот крај на првото полувреме.
По пет минути игра во вториот дел Пулишиќ постигна гол за предност и од 2-0.
Во 64. минута Нослин намали на 2-1, но во 79. минута Чукуезе ги постави конечните 3-1 за Милан.