сабота, 8 февруари 2025

Третолигашот Лејтон го шокираше големиот Манчестер Сити со гол од половина терен (ВИДЕО)

Третолигашот Лејтон Ориент има изненадувачко водство од 1-0 на полувреме против Манчестер Сити, домаќините се во предност благодарејќи на спектакуларен гол од половина терен.

Објавено на

часот

Сподели

На „граѓаните“ им се заканува срамна елиминација во ФА Купот, избраниците на Пеп Гвардиола на гостувањето кај Лејтон Ориент ќе одат на пауза со гол негатива.

Третолигашот стигна до изненадувачко водство откако ја затресе мрежата со спектакуларен погодок од половина терен.

Џејми Донли убаво забележа дека голманот Ортега е излезен и без размислување лобуваше од далечина. Ова веројатно е неговиот најубав погодок во кариерата, но за жал нема да му се пише.

Топката од стативата се одби во Ортега и заврши во мрежата, па погодокот ќе стои како автогол на голманот на Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ