недела, 22 декември 2024

Третина од републиканците веруваат во теорија на заговор во која се вклучени Тејлор Свифт и Бајден

Околу една третина од републиканците веруваат дека поп-ѕвездата Тејлор Свифт е вмешана во теорија на заговор за да му помогне на Џо Бајден да победи на претседателските избори во САД оваа година, според анкетата на Универзитетот Монмаут, пишува Си-ен-ен.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Апсурдна и неоснована теорија на заговор беше популаризирана во десничарските медиуми пред Суперболот, а со неа се тврди дека врската на Тејлор Свифт со играчот на американскиот фудбал на победничката екипа Канзас Сити Чифс, Тревис Келце е всушност лажна и дел од заговор, се со цел да се обезбеди победа на Бајден на изборите.

Тејлор Свифт го поддржа Џо Бајден во 2020 година, а оваа година ги повика своите фанови да гласаат на претстојните избори, што наводно довело до регистрација на повеќе од десетици илјади гласачи.

Сепак, како што тврдат од универзитетот, тврдењата за заговор се целосно неосновани.

Додека нешто помалку од половина (46%) од 902 возрасни Американци анкетирани за анкетата изјавиле дека слушнале за теоријата на заговор, еден од пет возрасни Американци (18%) веруваат во заговорот, додека кај републиканските гласачи тој процент се искачува до 32%.

Меѓутоа, значајно е тоа што 42% од оние кои рекле дека веруваат дека теоријата на заговор е вистинита не ни слушнале за неа пред да бидат контактирани за истражувањето, што покажува или пристрасност кон претседателот или склоност кон теории на заговор.

Свифт со недели е напаѓана од поборниците на теоријата, особено од влијателни личности кои се залагаат за крајните републикански идеологии, меѓу кои и поранешниот претседателски кандидат Вивек Рамасвами, теоретичарот на заговор Џек Пособиец и десничарската медиумска личност Бени Џонсон.

Пред Суперболот, поранешниот претседател Доналд Трамп се обиде да изврши притисок врз Свифт, велејќи на својата платформа на социјални медиуми дека таа би била „нелојална“ доколку избере да го поддржи Бајден.

„Ми се допаѓа нејзиниот дечко Тревис, иако тој можеби е либерал и веројатно не може да ме поднесе“, напиша Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ