сабота, 15 февруари 2025

Тренерот на Торино: Елмас ни дава повеќе квалитет

Елиф Елмас имаше фантастично деби за Торино иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Болоња со 3-2.

Објавено на

часот

Сподели

Елмас во игра влезе во 62. минута и само три минути подоцна постигна фантастичен гол за водство на Торино од 2-1.

Потоа Торино прими два несреќни голови и го загуби мечот со 3-2.

Но, тренерот на Торино, Паоло Ваноли ја истакна важноста на Елмас за неговиот тим.

„Натпреварот несреќно го загубивме. Елмас ни дава поголем квалитет, тој е важен фудбалер и веќе го покажа тоа во Неапол“, изјави Ваноли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ