петок, 18 октомври 2024

Трапановски донесе победа за Шкупи во дербито со Шкендија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Еден гол го реши големото дерби меѓу Шкупи и Шкендија, чаирскиот тим по 17. коло е осамен на врвот.

Клучниот момент се случи во 37. минута кога Трaпановски влезе во шеснаесетникот на Шкендија, биеше одлично и погоди за водство на Шкупи од 1-0, што беше и конечен резултат.

Голот го отвори натпреварот, се играше многу подинамично и со повеќе шанси во вториот дел, но Шкупи беше поблиску до повисока победа отколку Шкендија до израмнување.

Во третиот меч како тренер на Работнички, Седлоски рпвпат се израдува на триумф. Романтичарите со 1-0 ја совладаа Брера. 

Рано во второто полувреме гостите останаа со фудбалер помалку откако Франко доби црвен картон. Тоа го искористи Работнички и во 70. минута со гол на Адем дојде до победа.

Возбудливо беше во Кавадарци каде Струга со 3-2 го победи Тиквеш. Домаќините имаа предност од 2-0, но на крајот не освоија ниту бод.

Не поминаа ни 15 минути, а Тиквеш веќе имаше предност од два гола, автогол на Згуро и погодок на Ивановски го донесоа водството. 

Во финишот од првото полувреме следуваше блесок на Радески кој со два гола го изедначи резултатот на 2-2. На десетина минути пред крајот Георгиевски погоди за комплетен пресврт и победа на Струга.

Гостивар во Кратово поведе со смешен гол на Кехинде кој го искористи тоа што топката заглави во калта. Силекс се спаси од пораз со гол на Ѓорѓиевски во самиот финиш од мечот. Конечниот резултат беше 2-2.

И Брегалница како и Тиквеш прокоцка два гола предност, со разлика со штипскиот тим освои барем бод. Мечот против Воска заврши 2-2.

Брегалница поведе со голови на Андонов и Вебстер рано во мечот. Пред крајот на првиот дел Олатунбосум намали на 2-1, а во финишот Трпевски погоди за конечни 2-2.

17. коло ПМФЛ, 13 часот:

Шкупи – Шкендија 1-0

Тиквеш – Струга 2-3

Работнички – Брера 1-0

Силекс – Гостивар 1-1

Брегалница – Воска 2-2

Вчера

Македонија ЃП – Вардар 0-1

Табела: Шкупи 35, Струга 33 (-1), Шкендија 32, Силекс 24 (-1), Работнички 23, Тиквеш 22, Гостивар 21, Брера 20, Македонија ЃП 18, Воска 17 (-1), Брегалница 17, Вардар 14 (-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ