среда, 4 декември 2024

Транспаренси интернешнл-Македонија виде три „бистри“ и пет „матни“ настани со корупцијата минатиот месец

Транспаренси интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“.

Објавено на

часот

Сподели

Како „матни“ настани во ноември, Транспаренси интершенешел-Македонија го виде тоа што: ДКСК одлучи дека незаконски се назначени 4 нови членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители; случајот што ДКСК бара дисциплинска постапка за член на Судскиот совет, зашто барал одговорност за врховни судии за предмет во кој адвокат била неговата сестра; иництијативата на ДКСК за постапка против поранешната министерка за култура Костадиновска-Стојчевска за која утврди дека користела државни пари за приватни цели на службено патување во Британија; Судскиот совет донел одлука на затворена седница да утврдува одговорност за судијата Пајазити и дека градежна инспекторка примала поткуп за да не издава пријава за нелегален објект – поднесена кривична пријава.

1. Државната комисија за спречување на корупција одлучи дека незаконски се назначени 4 нови членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Судскиот совет и Советот на јавни обивнители номинираа членови на советите кои доаѓаат од судската и обивнителската фела, но според ДКСК тоа е спротивно на Законот за спречување коруцпија и Законот за академијата, затоа што требало да назначат активни судии и обвинители. Недозволената кумулација на моќ е потенцијален судир на интереси сметаат антикорупционерите кои ќе побараат од двата совета да ги стават вон сила одлуките со кои челновите на Судски совет, Антоанета Димовска и Хаиф Зендели и претседателката на обивнителскиот совет Душица Димитриеска се номинирани за нови членови на Управниот одбор на Академијата.

2. Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе иницијатива до Судскиот совет и до Здружението на судии за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет поради „судир на интереси“ и поради „пристрасност при вршењето на функцијата“. Причина е што тој бил иницијатор да се поведе постапка за утврдување на одговорност на судии во Врховниот суд, кои постапувале во предмет во кој адвокат била неговата сестра. ДКСК констатира дека, пошироко гледано, игнорирањето на судири на интереси на членовите на Судски совет, кои всушност вршат надзор и контрола на работењето на секој судија во државата, создаваат можност од влијание и вршење притисок врз судиите кои постапуваат во постапките каде што членовите на Судскиот совет имаат блиски лица. Со тоа на директен начин се влијае на самостојноста и независноста на судската власт, која треба да ја гарантира токму Судскиот совет. Според ДКСК, членот на Судскиот совет постапил спротивно на членовите 73 и 75 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, со што сторил прекршок, за што Комисијата ќе поведе постапка за издавање прекршочен налог.

3. Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска користела службени средства за приватни цели при нејзиното службено патување во Велика Британија во периодот од 24 до 27 октомври минатата година. Ова го констатира Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), откако по допрен глас отвори предмет за случајот во август годинава.

4. Судскиот совет на седница донел одлука за постапката за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити, иницијатива која се однесува на постапувањето на судијата за притворот на поранешниот војник на ОВК, државјанин на Косово, Блерим Рамадани. Првата иницијатива за утврдување одговорност кај судијата Пајазити беше отфрлена од советот поради немање доволно докази. Одлуката е донесена на затворена седница и без присуство на новинари.

5. Кумановското јавно обвинителство одреди притвор за градежната инспекторка од Општина Куманово, која беше затекната како прима поткуп. Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице – градежен инспектор во Општина Куманово – Сектор за грaдежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист.

Како „бистри“ настани се оценети тоа што:  ЗНМ поднесе пријава за недолично однесување на судијката од битолскиот суд, која им ги одзеде телефоните и камерите на новинарите ; кривичната пријава за несовесно работење во службата и отказ за 15 високи службеници во МВР и кривична пријава за вработен во Национални шуми за примање мито.

1. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до Основниот кривичен суд Скопје како и до Здружението на судии со цел да се преземат соодветни мерки за одговорност за непримерен и непрофесионален однос од страна на судијката Цветанка Никодиновска од Основниот суд во Битола кон новинари и медиумски работници. Судијката Никодиновска, не им дозволи на новинарите од Сакам да кажам.мк и ТВ Телма да снимаат и фотографираат на судењето против претседателот нa бугарскиот клуб во Основниот суд во Битола, кои иако за тоа имаа добиено одобрение од Врховниот суд. Пред судницата, вработено лице од новинарите побара телефоните да им ги предадат на припадник на судската полиција, а камерманот да ја остави камерата на портирница. На новинарите им беше дозволено всушност како граѓани да присуствуваат на рочиштето, иако во записникот беа заведени како новинари.

„Иако новинарите имале дозвола од Врховниот суд на Македонија за медиумско покривање на случајот, оваа судијка го попречи нивното право на известување, со што се прекршија принципите на транспарентност и правото на јавноста да биде информирана”, пишува во соопштението на ЗНМ.

2. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против 25 лица вработени во МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавените С.И., М.К., Б.Г., Р.А., Р.Ч., Д.Ј., З.В., И.И., Н.З., Г.А., И.Н., Ј.Н., И.М., Д.Ц., Е.В., А.Ш., Н.П. и Б.Б. во својство на претседател и членови на Комисијата за разгледување и подготвување на предлози во однос на поднесени барања за издавање одобрение за набавување на оружје во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Битола, во периодот од 2021 до 2024 година несовесно постапиле во вршење на своите должности и овластувања на начин што при постапување по барањата за издавање на одобрение за набавка на оружје дале позитивно мислење за издавање на одобрение за набавка на оружје на предлогот доставен до Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобренија за набавување оружје, спротивно на одредбите од Законот за оружје.

3. СВР Струмица поднесе кривична пријава против референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Беласица, за сомнение дека во текот на последните шест години континуирано барал и примал парични надоместоци од жител на струмичко село, кој сакал да добие дозвола за сеча на дрва. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи осомничениот ја злоупотребил својата службена должност за да добие парични средства, или преку себе, или преку посредници. Референтот по добивањето на поткуп, контактирал лице што издавало дозволи за сеча на дрва на планината Огражден и барал да ја издаде дозволата за сеча на дрвата. На 6 ноември 2024, при прием на паричен надомест, тој бил лишен од слобода од полициски службеници. Претреси биле извршени во неговиот дом и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени предмети за кои се смета дека се поврзани со делата. По апсењето, судија од Основен суд Струмица му определи 30 дневен притвор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ