четврток, 30 јануари 2025

Трамп: Зошто хеликоптерот не се спуштил, кренал или свртел?

Американскиот претседател Доналд Трамп во официјална изјава рече дека е „целосно информиран“ за судирот помеѓу патнички авион и воен хеликоптер над Вашингтон. Помалку од четири часа по несреќата, тој објави коментар на својата платформа Трут сошл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Авионот бил на совршена и рутинска патека на приближување до аеродромот“, напиша Трамп.

„Хеликоптерот подолг временски период одел право кон авионот. Ноќва има ЧИСТО НЕБО, светлата на авионот блескале. Зошто хеликоптерот не се кренал, спуштил, или свртел. Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави наместо да прашува дали го виделе авионот.“

„Ова е лоша ситуација, која изгледа дека можело да се спречи. НЕ Е ДОБРО!!!“, напиша Трамп.

Шеесет и четири лица биле во авионот на Американ ерлајнс и три во воениот хеликоптер кога се судриле во близина на националниот аеродром Роналд Реган во градот Вашингтон. Спасувачките тимови извлекле 28 тела од авионот и едно од хеликоптерот, а ветрот предизвикал остатоците од леталата да се распрснат во радиус од 1,5 километар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ