четврток, 19 септември 2024

Трамп: Жена го забележа атентаторот, нејзината реакција беше неверојатна. Жените се попаметни

Доналд Трамп ја пофали „неверојатната“ реакција на жената за која рече дека го следела напаѓачот додека бегал по атентатот. Во своето прво јавно појавување по инцидентот, републиканскиот претседателски кандидат им кажа на насобраните дека неименувана жена видела „нешто лошо“ во напаѓачот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи пред поддржувачите во Флинт, Мичиген, Трамп рече дека да се биде претседател е „опасна работа“. „Мислите дека возењето тркачки автомобили е опасно? Мислите дека возењето бикови е прилично страшно, нели? Не, ова е опасна работа“, рече тој.

Трамп не е повреден во инцидентот, а ФБИ потврди дека осомничениот Рајан Рут (58) не пукал. „Морам да кажам дека Тајната служба направи многу добра работа, навистина. Еден од агентите одеше неколку дупки напред и виде пушка АК-47“, рече Трамп.

Тој додаде дека жена го забележала осомничениот како трча кон својот автомобил, што ѝ било сомнително, па го следела со сопственото возило и му ја фотографирала регистарската табличка. Вооружениот напаѓач беше уапсен во џип помалку од еден час откако тој наводно побегнал од голф клубот на Трамп во Вест Палм Бич на Флорида.

Кандидатот на републиканците се наоѓал на неколку стотини метри од напаѓачот. Агентот пукал во правец на напаѓачот, пред тој да ја фрли пушката и да побегне со црн теренец Нисан, пишува Би-би-си.

„Сакате да знаете уште едно чудо? Значи, човекот бега, има автомобил подалеку на улица или како и да е. И жена, која возела автомобил, гледа маж на улица, прилично прометна улица, како трча. И таа го следи. Влегол во автомобил. Проценила дека е проблематичен. Изгледал поинаку. Паркирала позади неговиот автомобил и почнала да ја фотографира регистарската табличка. Сериозно, кој би го направил тоа“, рече Трамп.

Тој истакна дека нејзината реакција „беше навистина неверојатна“. „Жените се попаметни од мажите“, им рече тој на насобраните и додаде дека би сакал да ја запознае.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ