сабота, 22 февруари 2025

Трамп: Зеленски не е толку важен за да учествува во преговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Зеленски не е доволно важен за да биде на состаноците, мислејќи на потенцијалниот мировен договор во Украина за кој САД и Русија, наводно, разговараат, но без присуство на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека Зеленски не е толку важен за да учествува во преговорите“, рече Трамп во интервју за Радио Фокс.

Трамп беше критикуван дека ги изоставил Европа и Украина од преговорите со Москва претходно оваа недела, поради стравувањата дека САД би можеле да го принудат Киев да направи отстапки за да се постигне договор со Русија.

Другите западни лидери предупредија дека Владимир Путин дека нема „апетит“ за мир, но Трамп во истото интервју рече дека верува во спротивното.

„Тој не мора да се согласи со договорот. Затоа што ако сакаше, ќе ја добиеше целата земја“, рече Трамп.

Кога водителот Брајан Килмид му рече дека Путин е виновен за војната, Трамп одговори: „Уморен сум од слушање на таа реченица“.

Минатата недела патувањето на неговиот министер за финансии во Киев го нарече губење време. Американскиот министер за финансии Скот Бесент отиде во Украина за да види каков ќе биде американско-украинскиот договор за минералите.

„Искрено, посакувам тој да не отидеше таму, си изгуби време така“, рече Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ