среда, 5 февруари 2025

Трамп за директор на НАСА назначи милијардер што шеташе во вселената

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера за шеф на вселенската агенција НАСА го назначи милијардерот Џаред Ајзакмен (41), кој беше првиот цивил што шеташе во вселената како дел од проектите на Спејсекс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој му е близок соработник на Илон Маск, чија компанија Спејсекс ги водеше двете мисии со целосно цивилни екипажи во кои учествуваше Ајзакмен, пренесе АП.

Како дел од друга таква мисија наречена „Поларис зора“, Ајзакмен излезе од капсулата и изведе вселенска прошетка.

Ајзакмен, кој своето богатство го заработи водејќи ја својата компанија за електронско плаќање, ќе го замени на функцијата директорот на НАСА Бил Нелсон (82), поранешен демократски сенатор од Флорида, кој беше назначен од претседателот Џозеф Бајден.

Ајзакмен изјави дека е почестен со изборот на Трамп, како и дека е благодарен што може да извршува таква функција.

Тој на платформата Икс рече дека имајќи доволно среќа да ја види нашата фантастична планета од вселената, страсно гледа на „водечката улога на САД во најневеројатната авантура за освојување на вселената“.

За време на мандатот на Нелсон, НАСА ги засили напорите за враќање на астронаутите на Месечината, а американската вселенска агенција смета дека Масковиот Спејсекс ќе ги спушти на површината на Месечината со својата мегаракета Старшип.

НАСА веќе ѝ го довери на компанијата на Маск транспорт на астронаути до и од Меѓународната вселенска станица, потсетува АП.

Маск преку социјалната мрежа Икс му честиташе на Ајзакмен за изборот, опишувајќи го како човек со „големи способности и интегритет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ