„Донесовме одлука и наскоро ќе ја објавиме. Ќе биде 25 проценти“, рече американскиот претседател за време на состанокот на кабинетот. Американскиот претседател рече дека тарифите ќе се применуваат „генерално“, иако тој конкретно рече дека тие ќе го погодат увозот на автомобили.
Одлуката за воведување царини доаѓа откако Трамп веќе воведе слични царини на увозот на челик и алуминиум, што предизвика силни реакции кај меѓународните партнери.
Европската унија изрази „длабоко жалење“ поради овие мерки и најави решителен одговор за заштита на своите економски интереси.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен рече дека ЕУ ќе преземе „силни и пропорционални контрамерки“ како одговор на американските царини.
Воведувањето царини од 25 отсто за увоз на автомобили од ЕУ може значително да влијае на европската автомобилска индустрија, која е еден од клучните сектори на европската економија.
Овие мерки се очекува да доведат до зголемување на цените на автомобилите на американскиот пазар, што може да ја намали побарувачката и негативно да влијае на производителите.
Дополнително, постои можност ЕУ да воведе контрамерки, што дополнително би го ескалирало трговскиот конфликт.