среда, 12 февруари 2025

Трамп утрово разговарал со Путин

Претседателот Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во средата наутро, рекол официјален претставник за Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повикот, кој е прв познат разговор меѓу претседателите откако Трамп ја презеде функцијата минатиот месец, се случи еден ден откако Русија ослободи Американец затворен во земјата.

Претставници на администрацијата на Трамп рекоа дека се надеваат дека размената би можела да означува нов обид за ставање крај на конфликтот во Украина, кој ќе влезе во четвртата година.

Во текстот од разговорот објавен на Трут сошл, Трамп вели: „Разговаравме за Украина, Блискиот Исток, енергијата, вештачката интелигенција, моќта на доларот и разни други теми“.

Трамп со недели сигнализираше дека сака да разговара со Путин додека работи на решавање на украинскиот конфликт.

„Се договоривме да работиме заедно, многу тесно, вклучително и меѓусебно да си ги посетиме нациите. Ние, исто така, се согласивме нашите тимови веднаш да почнат преговори и ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме претседателот Зеленски, од Украина, за да го информираме за разговорот, нешто што ќе го направам токму сега“, напиша Трамп.

Неговиот претходник, претседателот Џо Бајден, немаше разговарано со својот руски колега речиси три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ