вторник, 17 декември 2024

Трамп: Турција стои зад уривањето на Асад во Сирија

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Турција стои зад уривањето на владата на претседателот на Сирија Башар ал Асад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никој не знае кој стои зад другата страна (новата власт во Сирија). Но јас знам. Тоа е Турција. Турција стои зад тоа. Тој (турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган) е многу паметен човек. Тие тоа го сакаа 1.000 години, а тој го постигна на поинаков начин на борба“, соопшти Трамп на првата прес-конференција по победата на изборите во ноември.

Трамп додаде дека не сака американски трупи да гинат во Сирија, но напомена дека исходот на конфликтот на Блискиот Исток и понатаму е неизвесен.

„Никој не знае како сето тоа ќе заврши“, заклучи тој.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан негираше дека Анкара учествувала во операциите на исламистичката опозиција во Сирија кои ја урнаа владата на Асад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ