На видеото е прикажано модерно крајбрежје со шеталишта, високи згради и плажи. Прикажани се и невообичаени детали, како дете што држи златен балон во облик на лицето на Трамп, како и огромна златна статуа на Трамп.
Луѓето танцуваат додека од небото паѓаат банкноти, а човек со ликот на неговиот близок соработник и шеф на Министерството за владина ефикасност, Илон Маск, ужива во локален специјалитет и во целиот спектакл.
На видеото се гледа и самиот Трамп како танцува со жена, а на крајот се релаксира со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху покрај базенот во еден од неговите хотели, со голема златна табла на која пишува „Трамп Газа“. Меѓу стиховите на песната се:
„Нема веќе тунели, нема веќе страв, Трамп Газа конечно е тука. Трамп Газа сјае, златна иднина, нова светлина. Радувајте се и танцувајте, договорот е постигнат, Трамп Газа број еден“.