петок, 18 октомври 2024

Трамп со приватен авион пристигна во Њујорк за утрешното судење (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Откако беше објавено обвинението, функционери на судот, претставници на њујоршката полиција и обезбедувањето на Трамп одржуваат состаноци на кои го усогласуваат планот за појавувањето на Трамп – од тоа по кои ходници ќе помине и кои улици ќе бидат блокирани, до тоа на кои локации ќе биде забрането паркирањето.

Може да се очекува судијата во некој момент да одлучи на сите кои се вклучени во процесот да им забрани да се огласуваат во јавноста, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи утре.

Како што се наведува, тоа обично се прави за да се спречи влијаење врз поротата, но најчесто на барање на обвинетиот, во овој случај Трамп, кој пак многу сака да се огласува во јавност.

Меѓутоа, правниот тим на Трамп веќе побара од судијата да забрани објавување фотографии и снимки од поранешниот претседател за време на неговото појавување на суд.

Адвокатите на Трамп порачаа дека ќе изнесат силна одбрана против обвинувањата дека поранешниот американски претседател за време на изборната кампања во 2016 година ѝ платил 130.000 долари на порно глумицата Сторми Дениелс во замена за нејзиното молчење околу тврдењата за сексуална афера со Трамп која се случила пред десет години.

Адвокатот на одбраната Џо Такопина изјави за Си-ен-ен дека парите кои ги примила Дениелс биле „личен трошок“, а не трошок издвоен од буџетот на кампањата.

Трамп долго ги негираше тврдењата на порно глумицата дека имале афера, но призна дека ѝ платил непосредно пред на претседателските избори во 2016 година да ја победи својата ривалка Хилари Клинтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ