сабота, 8 февруари 2025

Трамп: Следната недела веројатно ќе се сретнам со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека неговиот план за Појасот Газа, според кој Соединетите Американски Држави би ја презеле контролата врз палестинската територија која би била испразнета од жителите за да биде обновена, не бара „брзање“. „Апсолутно нема брзање“, кажа американскиот претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој вчера кажа дека Газа ќе им биде „предадена на Соединетите Американски Држави од страна на Израел на крајот на борбите“. До тогаш Палестинците „веќе ќе бидат преселени“ низ регионот, главно во Египет и Јордан.

Тие две земји одбија таква опција која предизвика широки меѓународни критики, а Обединетите нации порачаа дека може да станува збор за етничко чистење. Планот жестоко го отфрли и Хамас како и Палестинската самоуправа на Западниот брег.

Трамп денес во Овалната канцеларија кажа и дека следната недела „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ќе се видиме веројатно следната недела“, кажа тој.

Повтори дека планира да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин. Трамп во текот на својата кампања вети дека веднаш ќе ја заврши војната во Украина по враќањето на власт.

Зеленски оваа недела неколку пати кажа дека е спремен за директни преговори со Владимир Путин. Кремљ ја отфрли изјавата, оценувајќи ја како „празни зборови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ