понеделник, 3 февруари 2025

Трамп: Престануваме да ја финансираме Јужна Африка, Маск: Отворено се залагаат за геноцид врз белците

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера, без да наведува докази, изјави дека одредени групи луѓе во Јужна Африка се третираат „многу лошо“ и најави дека ќе го прекине финансирањето на земјата додека не се реши проблемот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јужна Африка конфискува земја и многу лошо постапува со одредени класи на луѓе“, напиша Трамп во објава на платформата Трут соушл. „САД нема да го толерираат ова, ќе дејствуваме. Исто така, ќе го прекинам целото идно финансирање на Јужноафриканската Република додека не заврши истрагата за оваа ситуација!“ објави тој.

Ројтерс наведува дека не е јасно што довело до објавата на Трамп. Јужноафриканската амбасада во Вашингтон, не одговори на барањето за коментар надвор од редовното работно време.

Соединетите Држави ветија дека ќе ѝ помогнат на Јужна Африка со речиси 440 милиони долари во 2023 година, според најновите податоци на американската влада. Јужна Африка моментално претседава со Г20, по што САД го преземаат претседателството.

Минатиот месец, јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса рече дека не е загрижен за односот на земјата со Трамп. Тој рече дека разговарал со Трамп по неговата изборна победа и дека се радува на соработката со неговата администрација.

За време на својата прва администрација, Трамп рече дека САД ќе ги истражат недокажаните убиства на бели фармери во Јужна Африка и насилното преземање земјиште. Преторија тогаш одговори дека е погрешно информиран. Не е јасно дали администрацијата на Трамп спровела истрага.

Блискиот соработник на Трамп, Илон Маск, е роден во Јужна Африка. Во 2023 година, Маск на Икс одговори на видеото на екстремно левичарската јужноафриканска политичка партија која ја пее старата песна против апартхејдот „Убиј ги Бурите (земјоделеците)“, пишувајќи: „Тие отворено се залагаат за геноцид врз белците во Јужна Африка“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ