„Проблемот со уште една дебата е што е едноставно предоцна, гласањето веќе почна“, кажа Трамп во Вилмингтон, Северна Каролина, а пренесува Си-ен-ен.
Трамп додаде, мислејќи на ривалката, актуелната потпретседателка на САД и кандидатка на демократите, Камала Харис, дека таа сега сака дебата бидејќи многу губи.
Во некои американски сојузни држави вчера почна раното гласање на претседателските избори кои ќе се одржат на 5 ноември.
Гласањето почна во Минесота, Јужна Дакота и Вирџинија, а повеќе од 10 држави ќе го почнат раното гласање во следните недели, до средината на октомври.
Харис претходно денес ја прифати поканата на Си-ен-ен да учествува во дебата со Трамп на 23 октомври.
Трамп веднаш по втората дебата на која не 11 септември во Филаделфија учествуваше со Харис кажа дека нема да има трета дебата.