„Предолго Америка произведува пени што буквално нè чини повеќе од два центи. Какво расфрлање. Му наложив на секретарот за финансии да престане да произведува нови пени“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Трут соушл.
Милијардерот Илон Маск, кој ја предводи Комисијата за владина ефикасност (ДОГЕ), го покрена ова прашање во јануари, наведувајќи ги трошоците за производство на центи.
Дебатата за ова не е нова во САД, бидејќи неколку нацрт-закони веќе се претставени во Конгресот, но не се усвоени. Доколку Трамп го потпише указот, американскиот Конгрес најверојатно ќе треба да го одобри.
Трамп го направи намалувањето на владините трошоци приоритет за својата администрација, а ова прашање им го довери на Маск и тимот на комисијата.
Тој повика да се прекине со расфрлањето на буџетот на, како што вели, „големата американска нација“, дури и ако тоа е пени по пени. Монетата од еден цент, стоти дел од американскиот долар, се произведува од 1787 година.
Канада престана да произведува центи во 2012 година, поради високите трошоци за производство.