вторник, 11 февруари 2025

Трамп: Палестинците нема да се враќаат во Газа, ќе им обезбедам многу подобро сместување

Американскиот претседател Доналд Трамп денес повторно го бранеше својот апсурден план за преселување на Палестинците од Појасот Газа, кажувајќи дека нема да им биде дозволено враќање во таа област.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето дали на Палестинците ќе им биде овозможено враќање во Газа, Трамп за Фокс њуз кажа дека нема да им биде дозволено бидејќи ќе имаат многу подобро сместување. Истакна дела целта му е да создаде трајно место за Палестинците.

„Ќе изградиме прекрасни заедници за 1.9 милиони луѓе“, кажа тој, напоменувајќи дека тие заедници би требало да биде малку подалеку од местото каде што се сега и каде што е опасноста. „Во меѓувреме јас би ја презел контролата врз Газа. Замислете го тоа како проект на недвижности за иднината“, додаде американскиот претседател.

Трамп кажа дека очекува постигнување договори со Египет и Јордан за преселување на Палестинците. Меѓутоа, двете земји остро ја отфрлија апсурдната идеја за прифаќање на Палестинците од Газа.

Планот на Трамп да ја преземе контролата врз Газа, да го избрка населението а потоа да ја обнови територијата предизвика жестоки критики во целиот свет, а го поддржа само израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Правните експерти истакнуваат дека протерувањето на Палестинците од Газа би било кршење на меѓународното право, а Обединетите нации предупредија дека станува збор за етничко чистење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ