„Би сакал да му се заблагодарам на генералот Чарлс Браун за повеќе од 40 години служба“, напиша синоќа американскиот претседател на својата социјална мрежа Трут соушл.
Највисокиот офицер ќе биде сменет како дел од големото потресување на врвот на американското воено раководство.
Генералот Браун беше назначен од претседателот Џозеф Бајден во 2023 година за началник на Генералштабот, чија функција е да ги советува претседателот и министерот за одбрана за националната безбедност.
Трамп ќе го смени и шефот на американската морнарица, адмирал Лиза Франчети, како и заменик началникот на воздухопловните сили и главните воени судии на армијата, морнарицата и воздухопловните сили, соопшти Пентагон.