Европската комисија соопшти дека ќе реагира за да ги заштити интересите на ЕУ по најавата на Трамп за претстојните царини за металите, но рече дека нема да одговори додека не добие детално или писмено објаснување за мерките.
Трамп вчера изјави дека ќе воведе нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД. „ЕУ не гледа оправдување за воведување царини за нејзиниот извоз. Ќе реагираме за да ги заштитиме интересите на европските компании, работници и потрошувачи од неоправдани мерки“, се вели во соопштението на Комисијата.
Обединетото Кралство ќе мора да „почека и да види“ дали ќе се разјаснат заканите на Трамп дека ќе воведе царини за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, изјави министерката за внатрешни работи Анџела Игл. Запрашана за коментарите на Трамп, Игл рече дека владата ќе мора „да почека и да види дали претседателот поконкретно ќе објасни што сакал да каже со тој коментар“.
„Имаме многу избалансирани трговски односи со САД – мислам дека трговијата меѓу нашите земји е вредна 372 милијарди долари – и мислам дека во наш најдобар интерес како долгогодишни сојузници и соседи е да продолжиме со таа избалансирана трговија“, рече таа.