четврток, 26 декември 2024

Трамп на предизборен митинг раскажа измислена приказна за Ал Капоне (ВИДЕО)

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на предизборен митинг во Кинстон, Северна Каролина, раскажа измислена приказна за одамна починатиот Ал Капоне (умре во 1947 година) и извршниот директор на компанијата „Моја перница“ (MyPillow) Мајк Линдел (63) и нивната измислена вечера.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јас повеќе бев под истраги од Ал Капоне“, рече Трамп.

„Ако тој отидеше со Мајк Линдел на вечера и Мајк му понудеше неколку перници и ако тој не спиеше добро затоа што не му се допаднале перниците на Мајк, Мајк ќе немаше речиси никакви шанси да преживее. Ќе го фрлеше Мајк некаде во темелите на некоја зграда или слично. Никогаш повеќе немаше да го видите Мајк. Мајк не сака да вечера со Лицето со лузна“, рече Трамп додека присутните на митингот го гледаа збунето.

Линдел е отворен поддржувач на Трамп, а деновиве беше во центарот на вниманието за тужбата што ја поднесе против неколку компании за финансиски заеми, кои ги обвини дека ја искористиле лошата состојба на неговата компанија со наметнување строги услови, вклучувајќи пристап до евиденцијата на вработените и ограничувања на барањето други извори за финансирање, со високи каматни стапки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ