недела, 20 октомври 2024

Трамп: Мојата најдобра дебата досега

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, излезе меѓу новинарите по завршувањето на дебатата и се пожали дека модераторите биле „многу неправедни“ кон него.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Харис сака втора дебата бидејќи беше убедливо поразена. Ќе размислиме за тоа“, рече Трамп.

Инаку, тимот на неговата противкандидатка изрази подготвеност да организира нова дебата која ќе се одржи во октомври.

„Мислам дека тоа беше мојата најдобра дебата досега. Беше многу интересна и покажа колку се слаби, колку се патетични“, рече Трамп.

Тој рече дека нема информации дека познатата пејачка Тејлор Свифт ја поддржува Харис.

Тој исто така се пофали дека анкетите покажуваат дека поминал многу добро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ