„Канаѓаните би заштедиле многу на даноци и воена заштита. Мислам дека тоа е одлична идеја. 51-ва држава!!!“, додаде новоизбраниот претседател на САД на својата платформа Трут сошл. „Многу Канаѓани сакаат Канада да стане 51-ва држава“, рече тој.
Анкетата спроведена минатата недела од Институтот Легер покажа дека 13 отсто од Канаѓаните би сакале нивната земја да стане американска држава.
Трамп првпат ја изнесе идејата за „51-ва држава“ за време на вечерата со канадскиот премиер Џастин Трудо кон крајот на ноември.
За време на таа средба, новоизбраниот американски претседател се пошегува дека ако Канада не може да ги преживее царините од 25 отсто, може да стане 51-та американска држава.
Оттогаш, тој постојано го опишува шефот на владата на Канада како гувернер во објавите на социјалните мрежи, што е функција што во САД го назначува шефот на извршната власт на една од федералните држави.
Канадските политичари многу лошо ги примаат овие објави и ги сметаат за понижување, па дури и закана, од Соединетите Држави.