вторник, 11 февруари 2025

Трамп: Маск ќе открие измами во Пентагон тешки милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека очекува Илон Маск да открие измами и злоупотреби на милијарди долари во Пентагон како дел од ревизијата што ќе ја води.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Наскоро, можеби за 24 часа, ќе му наложам да го провери и Министерството за образование, а потоа ќе одиме на војската. Да ја провериме војската“, рече Трамп во интервјуто со Брет Баер за Фокс њуз, чиј клип беше емитуван во неделата.

„Ќе откриеме злоупотреба на милијарди, стотици милиони долари и измами“, рече актуелниот американски претседател, алудирајќи на најголемата владина агенција.

Годишниот буџет на Пентагон е речиси трилион долари. Во декември, тогашниот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се одобруваат 895 милијарди долари за трошоци за одбраната за фискалната година која завршува на 30 септември.

Маск, за кој Белата куќа вели дека е специјален вработен во владата, беше задолжен од Трамп да спроведе и да го надгледува прегледот со цел да се намали бројот на федерални вработени. Како дел од оваа иницијатива, помошниците на Маск побараа пристап до доверливи информации во компјутерските системи на различни владини агенции.

Критичарите тврдат дека таквите напори се веројатно нелегални бидејќи постои опасност да се откријат доверливи информации и практично уништуваат цели агенции без одобрение од Конгресот.

Советникот за национална безбедност Мајк Волц во одделно интервју во неделата предложи процесите на бродоградба на Пентагон да бидат област од посебен интерес за Одделот за владина ефикасност. „Има многу што треба да се истражи во бродоградбата, во тој сектор владее апсолутен хаос“, рече Волц во интервју за Ен-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ