среда, 12 март 2025

Трамп купи тесла: „Прекрасно“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп купи модел С на Тесла.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп на социјалната мрежа Трут соушал објави видео на кое пред Белата куќа влегува во црвен автомобил тесла. „Прекрасно е. Уау“, кажува Трамп додека влегува во електричниот автомобил.

Давајќи изјава покрај Илон Маск, кој му го предаде автомобилот, тој кажа дека купува тесла бидејќи е одличен производ и бидејќи Маск „ја посветил животната енергија на ова“.

„Мислам дека мала група луѓе го третираат многу лошо, сакам да знаат дека не може некој да се казнува поради тоа што е патриот, а тој е патриот“, кажа Трамп и додаде дека не знае ниедна друга толку успешна нова автомобилска компанија во последните 30 години.

„Лошата вест е дека не смеам да го возам бидејќи долго не сум возел автомобил. А сакам да возам автомобили“, кажа Трамп. „Ќе имам (автомобил) во Белата куќа и ќе му дадам на персоналот да го користи. Јас не смеам да го возам, ако ми верувате“, кажа тој.

Маск при примопредавањето на автомобилот на Трамп изјави дека тесла ќе го удвои производството на возила во САД во следните две години, истакнувајќи дека таа одлука е резултат на „одличните политики на претседателот Трамп и неговата администрација“.

„Како чин на верба во Америка, Тесла за две години ќе го удвои производството на возила во САД“, напиша Маск.

Трамп вчера најави дека ќе купи нов автомобил од Тесла за да го поддржи извршниот директор на компанијата и својот сојузник Илон Маск, поради неодамнешните протести наречени „Тесла тејкдаун“ и падот на цените на акциите на компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ