среда, 25 декември 2024

Трамп: Ќе наложам спроведување на смртната казна за заштита на семејствата и децата од насилните силувачи, убијци и чудовишта

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави денес дека по стапувањето на должност ќе му наложи на министерството за правда „енергично да ја спроведува“ смртната казна за заштита на Американците од „насилните силувачи, убијци и чудовишта“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со таа порака објавена на неговата социјална мрежа Трут соушал, Трамп одговори на вчерашната одлука на американскиот претседател во заминување Џо Бајден смртните казни на 37 од 40 федерални затвореници да ги смени во казни доживотен затвор без условно пуштање.

„Штом ќе ја преземам должноста (на 20 јануари), ќе му наложам на министерството за правда енергично да ја спроведува смртната казна за заштита на американските семејства и деца од насилните силувачи, убијци и чудовишта“, наведе Трамп.

За време на првиот претседателски мандат, од 2017 до 2021 година, Трамп ги обнови погубувањата за кривични дела на федерално ниво, по паузата од речиси 20 години.

Бајден, познат како противник на смртната казна, повторно го сопре извршувањето на погубувањата на федерално ниво кога ја презема должноста во јануари 2020.

Наследникот на претседател не може да ги поништи одлуките за помилување и намалување на казната, за разлика од указите, но може поагресивно да бара извршување на смртната казна во идните случаи.

Тимот на Трамп вчера ја осуди одлуката на Бајден, наведувајќи дека е одвратна и дека ги фаворизира осудениците кои се „меѓу најлошите убијци во светот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ